ВМРО-ДПМНЕ: Загубите на македонското стопанство се мерат во 100-тици милиони евра

Фото: МИА

СДСМ и натаму ја лаже и манипулира македонската јавност во врска со помошта која ја добива стопанството. Коста Петров најавуваше помош во износ на минималната плата за 35 илјади компании и над 250 илјади вработени, стои во соопштението од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Засега Петров да изјави дека ќе поддржат само 10 илјади компании, а се крие и бројката на вработени кои ќе се опфатат со оваа поддршка за исплата на плата. Зошто се крие бројот на вработени во овие 10 илјади компании кои ќе добијат државна помош? Загубите на македонското стопанство се мерат во 100-тици милиони евра, а износот на државната помош е 14 милиони евра. Со ова само уште еднаш се покажува негрижата за економската добросостојба на македонските граѓани, а Владата на Република Македонија и натаму е последна според државната помош поради корона кризата за стопанството и граѓаните, во регионот и Европа- стои во соопштението.

Петров, стои во соопштението, дрско ја лаже јавноста дека државата ќе му помогне на стопанството со милијарда евра, износот на помошта е дури за 5 до 6 пати помал според сите извештаи за износот на државната поддршка во економијата во борбата со последиците од опасниот коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот