ВМРО-ДПМНЕ: Заев во континуитет врши притисок и етикетира новинари

Фото: МИА

Зборовите на Заев не се искрени, туку напротив, ова е лицемерен став. Тој изминатите години остави печат на сите тужби и обвиненија врз новинари, вршеше прогон и етикетирање на медиуми и поминуваше несанкционирано физичко насилство врз новинари, реагираат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук статусот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

-Јавноста се уште памети како јавно прогласи медиуми за политички непријатели, како новинари беа вербално напаѓани на прес конференции од страна на негови поддржувачи, како нарекуваше со погрдни зборови новинари и ред други притисоци кои ги вршеше врз медиумите и новинарите. И од Зоран Заев да е, премногу е. Ваквите испади кои не се ретки и кои во континуитет се провлекуваат низ годините, го покажуваат неговиот личен, но и политички карактер и мора да бидат осудени принципиелно од сите чинители- наведуваат во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев: Ги прифаќам забелешките на новинарите, немам никаква намера да влијаам врз работата на медиумите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот