ВМРО-ДПМНЕ: Заев стои зад Рашковски и набавката на неговиот софтвер

ВМРО-ДПМНЕ/ Фото: Скриншот

Заев е бранител на криминалот на Рашкоски кој и понатаму може да влијае на сведоците. Рашкоски си дојде со рацете во џебот во судот, а си замина во својот дом наместо во затвор. Луј Витон судството покорно ги слуша нарачките на Заев.

„ Немам сомневање дека се е чисто”, рече Зоран Заев за случајот со Рашковски. Со ова Заев му дава легитимитет и институционална покриеност на Рашковски и неговите дејствија, дека тие дејствија се дејствија на владата, т.е. на него лично.

Зоран Заев потврдил дека стои зад Драги Рашковски и набавката на неговиот софтвер. Сега Рашковски е приведен, а Заев на слобода. Ако Рашковски постапувал согласно причините и кои ги знаел и одобрил и Заев, тогаш најмалку што треба е Заев да биде дел од постапка уште веднаш!

Во истата изјава Заев продолжува „Овие денови ќе ги соопштат сите детали и документи, ова е правено со причина. Не ни текнало нас седејќи во Владата ‘ај ќе правиме софтвер’. Имало потреба за тоа, затоа што е дел од сите политики и процедури поврзани со соодветните министерства”. Набавката на софтверот на Рашковски е идеја на Владата и Владата стои зад него, тоа е дел од политиката на владата, тоа го кажал Зоран Заев лично.

Го повикуваме ЈО веднаш да го повика Заев и да го прошири случајот и кон него. Имаме јавно признание на Заев, кое е доволен доказ.

Центар за комуникации, ВМРО-ДПМНЕ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот