ВМРО-ДПМНЕ: Заев се крие и не го кажува ставот за Делчев и македонскиот јазик

Протест на ВМРО-ДПМНЕ/ Фото: Фејсбук

Зоран Заев се крие од македонската јавност и не сака да го каже својот став за Гоце Делчев и македонскиот јазик. Заев спрема Декларација на договорот со Бугарија, за кој тврдеше дека е финален и ги затвора сите отворени прашања со Бугарија, и дека истиот ја гарантирал европската иднина на државата, велат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Сега гледаме дека Зоран Заев ги лажел граѓаните. Договорот кој го потпишал ниту е финален, ниту ја гарантира европската иднина на државата. Зоран Заев целиот мандат го помина во потпишување на некакви договори, а земјата тапка во место. Зоран Заев нема став и не ги осудува нападите кои доаѓаат кон Македонија. Зоран Заев молчи и по прашањето дали навистина сака да го направи македонскиот народ геноциден народ, работа за која во јавноста проговорија некои македонски историчари– стои во соопштението од опозицијата.

Зоран Заев, велат оттами,  како премиер ги обременува и државата и народот со работи за кои не се преговара.

-Зоран Заев треба да знае дека ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува продавањето на Гоце Делчев и македонскиот јазик и дека секој негов договор за тоа нема да биде почитуван од ВМРО-ДПМНЕ и ќе биде поништен со нашето доаѓање на власт- велат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот