ВМРО-ДПМНЕ: Заев осум дена не се појави во јавност, којзнае дали тој стои зад напишаното на Фејсбук

Со оглед на фактот што цели осум дена го нема никаде во јавност, отвораме дилема дали Зоран Заев вистински седи и позади неговиот последен ФБ статус, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако Заев на Фејсбук напиша дека опозицијата „за пуста желба за власт е спремна државата да ја носат низбрдо, а народот да страда“.

„Доколку е навистина тој, тогаш добро е да одговори макар и на ФБ, кога ќе си го исполни последното ветување за оставка од премиер и претседател на СДСМ? Кога збори Заев за кауза, за ЕУ, Бугарија и Охридски договор, треба да се знае дека мисли единствено за заштита на криминалот, тендерите, кражбите во РЕК. Единствено Заев е загризен за фотелјата не и за иднината на државата“, стои во реакцијата на партијата на Христијан Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот