ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги израмни македонските партизани со бандити

Фото: МИА

Заев е срам за државата, после вакви антидржавни ставови оставката е неминовен чекор
Нема Македонец кој не се срами од додворувањето на Заев кон бугарската влада на штета на македонските интереси, реагираат од опозицијата на интервјуто на премиерот Заев за бугарската БГНЕС.

-Зоран Заев го продава македонскиот идентитет, јазик и историја. Зоран Заев се откажа од Гоце Делчев црвената линија на македонскиот идентитет. Од среде Скопје Заев кажа дека Бугарите биле ослободители во втората светска војна, и со тоа ги израмни македонските партизани со бандити.
Зоран Заев се откажа и ја погази жртвата на Орце Николов, Раде Јовчевски Корчагин, Стив Наумов, Вера Јоциќ, Борка Талески, Методија Андонов Ченто, и плејада други знајни и незнајни јунаци кои животот го положија за слободна Македонија. Македонското малцинство во Бугарија е предадено и продадено од Заев- велат оттаму.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Заев ги урнисува темелите на македонската држава и нејзината најголема победа АСНОМ.

-Зоран Заев не треба да чека народот да го смени, бидејќи тоа ќе се случи, туку сам уште веднаш да си даде оставка- стои во соопштението на опозицијата.

Нашата историја е заедничка. Нека го почувствуваат тоа граѓаните на двете земји. Да го немаше Гоце Делчев, ќе мораше да го измислиме за да не обедини. Ова го рече премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев во интервју за БГНЕС.

Пендаровски: Реални шанси за договор со Бугарија не постојат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот