ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Филипче и Хасани треба да си одат и да ја ослободат истрагата за несреќата во Тетово

img alt
Пожар избувна во тетовската модуларна ковид болница / Тетово, 8 септември 2021 / EPA-EFE/STRINGER

Кој се заканува на семејствата на жртвите од несреќата од Тетово? Зошто ОЈО молчи?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Кој од власта има толкава моќ да се заканува по животот на луѓето чии членови на семејство изгубија живот во пожарот во Тетово? Кој се плаши да не излезе вистината на виделина? Во ситуација кога луѓе се заплашувани да не зборуваат станува јасно дека не може да имаме непристрасна и независна истрага.

Директно одговорните како директорите на болницата, заменик министерот Илир Хасани и министерот Венко Филипче се луѓе кои по функција се вмешани во случајот, тие се по вертикала одговорни за болницата. Сите тие треба уште веднаш да заминат од своитр позиции.

Само со Хасани и Филипче разрешени може да очекуваме непристрасна истрага.

Не може Заев да чека истрагата да заврши па да одлучи по однос на оставките, Хасани и Филипче имаат реална институционална моќ да влијаат врз истрагата.

Еве зошто Заев, Филипче и Хасани треба да си одат и да ја ослободат истрагата, заканите на семејствата на жртвите од Тетово притисок на власта

Само доколку сите одговорни во случајот бидат разрешени ќе бидеме сигурни дека ќе има непристрасна истрага и тогаш евентуалните сведоци нема да бидат исплашени да ја кажат вистината, стои во нивното соопштение.

СДСМ: Со политизација на трагедијата, Мицкоски покажа елементарно непознавање на Уставот и законите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот