ВМРО-ДПМНЕ за утре најави протест пред Влада, а ќе се протестира и во Битола, Струмица, Тетово и Куманово

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за утревечер во 19 часот најави протест пред зградата на Владата, а ќе протестира и во Битола, Струмица, Тетово и Куманово.

Во најавеното соопштение за протестите партијата наведува дека наместо политиканство од страна на Владата потребни се одлуки.

„Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух. Загадениот воздух и во ек на пандемија убива, а власта вели дека тоа е само магла. Поради неспособноста на владата предводена од Заев животот на граѓаните е изложени на опасност. ВМРО-ДПМНЕ апелира поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на КОВИД-19, бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор. Наместо политиканство од страна на оваа неспособна Влада, потребни се одлуки“, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот