ВМРО-ДПМНЕ за спомениците: Шилегов и Заев ќе завршат во срамниот дел од историјата на Македонија

Намерата на Шилегов да ги отстранува историските споменици од центарот на Скопје е само продолжение на анационалната политика на премиерот во заминување Зоран Заев. Тие очигледно се спремни да ја избришат историјата на македонскиот народ и секој споменик кој асоцира на тоа, реагираат од опозициската парија ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на градоначланикот на Скопје, Петре Шилегов, кој рече дека размислува спомениците од Скопје 2014 да ги однесе во расчистената депонија во Ѓорче Петров.

-Шилегов, Заев и актуелното раководство на СДСМ треба да бидат свесни дека наместо спомениците на хероите, тие ќе завршат во срамниот дел од историјата на Македонија. Народот јасно кажува дека се противи на нивната штетна политика на свиткана кичма со која се негира македонскиот јазик, народ и историја. Историското буниште го чека Шилегов исто како и премиерот во заминување Зоран Заев. Оставка на Заев, слобода на Македонија-велат од опозицијата.

Шилегов нагласи дека тоа би било одлично решение со оглед на сериозната поделеност на општеството.

– Мојот став во врска со проектот Скопје 2014 е непроменет, но сметам дека дека треба да имаме разбирање за чувствата на одредени граѓани, затоа дислокацијата ќе ја направиме на начин што никој нема да биде навреден, додаде Шилегов.

Шилегов: Спомениците од времето на малото диктаторче може да ги однесеме во депонијата во Ѓорче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот