ВМРО-ДПМНЕ: За сите има вакцини за Македонија не

ВМРО-ДПМНЕ/ Фото: Скриншот

Бројката на починати од корона се движи кон 3.500, бројката на новозаразени секој ден се зголемува, газиме во третиот бран, сите се вакцинираат, ама не и Македонија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Неспосбноста на Филипче и Заев да набават вакцини резултира со починати граѓани, резултира со тоа Македонија да е на дното на светската листа по вакцинирани лица. Според податоците на Блумберг, Македонија е на 118 место од 122 држави. Македонија е на дното! Пред нас се сите држави од регионот. Србија високо котира на листата, а се подготвува за производство на руската вакцина, додаваат оттаму. 

Според нив вакцини од КОВАКС механизмот пристигнуваат во други земји, ама не и во Македонија.

-Кенија доби еден милион вакцини, Руанда 340.000 вакцини, Судан 800.000, Гамбија 36.000 вакцини, Сенегал 324.000 вакцини. Пред неколку дена Молдавија, која не е земја членка на НАТО, ниту е блиску до почеток на преговори со ЕУ доби 21.000 вакцини од ЕУ. Филипче и Заев велат немало вакцини во светот затоа нема и во Македонија?! Кого лажат? Можеби ги нема посакуваните количини, ама вакцини има за сите оние кои се заинтересирани да ги набават и тоа го сториле на време. Одговорност за ваквото однесување мора да има, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот