ВМРО-ДПМНЕ за сабота најави протест против неправди, реваншизам и политичко насилство

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

ВМРО-ДПМНЕ во сабота во 18.30 часот ќе протестира против неправди, реваншизам и политичко насилство, напиша Игор Јанушев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Збирното место на демонстрантите ќе биде пред министерството за правда, улица Македонија, плоштадот, а ќе се движат до Основното јавно обвинителство.

„Мафија на власт, колку повеќе тоне во својот криминал и корупција, толку повеќе удира по својот народ и политичките неистомисленици. Оваа власт во недостаток на успеси и во услови на секојдневни порази на секое поле, сѐ повеќе се врти кон политички прогон и застрашување.

Министерот за неправда наместо да прави реформи, јавно се заканува и им прејудицира казни на сите кои не мислат како Заев. Тоа е таа Заев-неправда по рецептот јавно да се најавуваат пресудите и од страна на Заев и од страна на министер за правда и од страна на обвинители и судии. Мафијата работи по принципот, МАФИЈА ТЕ ТУЖИ,МАФИЈА ТЕ СУДИ.

Затоа гледаме стотици случаи кајшто мафијата на власт удира по новинари, удира по опозицијата, удира и по народот. Кацарска е наградена со место во Уставниот суд. СЈО ги изеде народните пари, а народот не виде правда. Селективната Луј Витон правда не е правда, туку маша како да се заштити криминалот на екипата на Заев.

Оние судии и обвинители кои работат по директивата на Заев потоа се унапредуваат и наградуваат. Тоа народот го гледа и затоа довербата во правосудството е минорно. Народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на неправдата и на мафијата на чело на Заев која владее султански со Македонија.

Доаѓа време кога овој султанизам ќе падне и кога мафијата ќе одговара за целата неправда заедно со нивните помагачи и слепи послушници кои го газат својот народ.

Во сабота, во 18:30 часот, збирно место пред министерството за правда, улица Македонија, плоштадот, до Основното јавно обвинителсто.

Протестираме против неправди, реваншизам и политичко насилство!

Се гледаме!“, напиша Јанушев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот