ВМРО-ДПМНЕ за Рашковски: Скандали не се покриваат со оставка

По оставката на поранешниот Генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара „до крај да бидат истражени аферите во кој тој наводно е вовлечен, како и да биде испитана неговата имотна состојба“.

Од таму велат дека и поранешните директори на Фондот за здравство и Агенцијата за европски образовни програми , Ден Дончев и Лидија Димова, си поднеле принудни оставки, но без санкција.

Рашковски денеска поднесе оставка од функцијата во Владата, за, како што вели, „да го сочува достоинството и интегритетот“. Рашковски беше посочуван од опозицијата за низа афери за кои дел преземаа чекори Антикорупциската комисија и Јавното Обвинителство. Рашковски се поврзува со случаите Леонардо, Хеликоптерска единица, Софтвер, Џип..

„Изнудената оставка на Рашковски пропратена со арогантен напад на јавноста не е преземање на одговорност. Овие милионски скандали не се покриваат со оставка, потребана е одговорност и судска разврска“, реагираше денеска ВМРО-ДПМНЕ по оставката на Рашковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот