ВМРО-ДПМНЕ за новата „бомба“: Што ли кажал Боки 13 што власта се испаничи?

Во снимката, Мицкоски му се жали на Кичеец дека бил фотографиран кога одел кај Камчев, со оглед на тоа што бизнисменот, кој е осомничен за „Империја“ на СЈО, бил под ПИ-мерки.

Во првичната реакција за снимката, која упатува на средби на Мицкоски со Камчев, опозициската партија посочува на вчерашниот исказ на Бојан Јовановски во скопското обвинителство
ВМРО-ДПМНЕ ја поврзува последната аудиоснимка, која упатува на средби што опозицискиот лидер Христијан Мицкоски ги имал со бизнисменот Орце Камчев – пред откривањето на аферата „Рекет“, со вчерашното појавување на осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 пред Основното јавно обвинителство-Скопје.

-Што ли толку впечатливо кажал Бојан Јовановски во новиот исказ пред Обвинителството за власта толку да се засегне и толку панично да реагира и за едно обично одење во болница- гласи првичната реакција од ВМРО-ДПМНЕ откако денеска беше објавена снимката, која практично е продолжение на разговорот на Мицкоски со Зоран Милески-Кичеец, кој призна вина за „Рекет“.

Во снимката, Мицкоски му се жали на Кичеец дека бил фотографиран кога одел кај Камчев, со оглед на тоа што бизнисменот, кој е осомничен за „Империја“ на СЈО, бил под ПИ-мерки.

ЧЕТИРИ НОВИ АУДИО БОМБИ: Мицкоски и Кичеец договарале интензивна соработка пред претседателските избори во 2019 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот