ВМРО-ДПМНЕ втор ден на „Протест сега за да не биде предоцна“: Оставка на Заев, слобода на народот

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Македонија се обединува против Зоран Заев, против заедничкиот противник, против негаторите на македонската историја, идентитет и јазик. Сѐ повеќе луѓе се охрабруваат да застанат во редот на одбраната на она што е свето и за кое се бореле и гинеле генерации, а кое сега се распродава, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кој втор ден е на авто-протест што денеска денеска се одржува во седум града низ државата – Тетово, Куманово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид.

– Сѐ повеќе граѓани на Република Македонија, кои имаат разлики по многу точки, се обединети во едно, бидејќи знаат дека нема назад од тука. И не отстапуваме ни чекор од она што е наше. За доброто на Македонија, порачуваме заеднички: Оставка на Заев, слобода на народот, порачуваат од опозициската партија.

https://www.facebook.com/vmromakedonija/posts/10159210007149260

Од ВМРО-ДПМНЕ за утре најавуваат нов протест во главниот град, како вчерашниот, со автомобили за запазување на мерките против коронавирусот.

– Скопје ја сака слободата која е скапо платена и Скопје протестира. Повикувам на сенароден протест утре, со почеток во 12:30 часот кој ќе заврши пред Владата на Македонија. Поради заразата со коронавирусот, протестот ќе биде со автомобили и во 12:30 часот ќе се тргне кон Владата од две локации, СЦ „Борис Трајковски” во Општина Карпош и СЦ „Јане Сандански” во Општина Аеродром“, информираат од опозициската партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот