ВМРО-ДПМНЕ: Во која друга земја во светот мртовци и пациенти се лечат во иста просторија?!

Фото: МИА

Во која друга земја во светот во една иста просторија има мртовци и пациенти кои се лечат. Тоа за жал се случува во битолската болница во Македонија. Тоа е последица на распаднатиот здравствен систем кој сто е продолжение на случаите каде во двор на болница се земаше инфузија, пациент во Штип почина поради недостаток на кислород, пациентка од Струга почина во дворот на охридската болница, само затоа што не ја пуштија да се лечи, велат од опозицијата.

-Вистината е дека Филипче ја лаже јавноста дека болниците се отворени за сите пациенти. Во болницата 8 септември не примаат пациенти над 70 години. Овие луѓе се оставени да умрат во немилост од државата. Вистината е дека Филипце ја лаже јавноста кога вели дека ја има ситуацијата под контрола кога нема ништо под контрола. Заради неспособноста на Филипче со денови се чека за тестирање, а уште толку за да се добијат резултатите. Дополнително луѓето се позајмуваат за да можат да се тестираат, а додека чекаат резултати остануваат и без работа. Сведоштвата кои ги слушаме од луѓето секојдневно, а кои и неретко ги пишуваат и на социјалните мрежи се траорни. Филипче не успеа да се справи со коронакризата. На секаде ни се случува хаос, а Македонија е рекордер по бројот на умрени на милион жители, ни умираат луѓе буквално на секој саат од КОВИД 19. Филипче и Заев се главните кривци што се губат животи- потенцираат оттаму.

Јавноста вчера беше вознемирена од морбидни фотографии од битолската болница на коишто се гледа дека двајца починати пациенти прекриени со чаршаф се во иста болничка соба со двајца живи пациенти кои примаат инфузија.

ФОТО | Морбидни фотографии од битолската болница: Двајца починати и двајца на инфузија во иста болничка соба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот