ВМРО-ДПМНЕ во договор со ССМ предложи покачување од 2.806 денари за сите во јавниот сектор, мнозинството го одби предлогот

Седница на собранието / Фото: Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ денеска, во претходен договор со Сојузот на синдикати, поднела амандман на ребалансот на државниот буџет, во кој било поставено барањето на ССМ за покачување на платите од 2.806 денари за сите вработени во јавниот сектор. Мнозинството во Собранието го одбило предлогот, заедно со уште неколку други амандмани на опозициската партија.

„На првиот ден од амандманската расправа мнозинството одби три клучни амандмани. Првиот беше за намалувањето на ДДВ-то на храната од 5% на 0%, вториот беше за издвојување на средства за акцизите и ДДВ-то за намалувањето на цената на горивото и третиот е суштинскиот амандман кои што беше одбиен. Беше одбиен амандманот на Сојузот на синдикати на Македонија за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2806 денари“, соопшти Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој информира дека во текот на денот како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и како претседател на Комисијата за финансирање и буџет, се сретнале со претседателот на ССМ, Дарко Димовски и со делегација од Синдикатот, на којашто се договоривле дека особено внимание ќе посветат на тој амандман.

-За жал, мнозинството го одби и тука сакам да изразам жалење зошто се случи тоа. Ние потворно ќе оствариме средба со ССМ за да ги информираме зошто нивното барање е одбиено. Јас тука сакам да кажам дека веднаш по завршувањето на таа средба со ССМ, ние нема да запреме тука и повторно комисиски ќе поднесеме амандман за да може сите врабтени во јавниот сектор да добијат по 2.806 денари заради тоа што тоа е егзистенционално прашање и навистина сериозен проблем на сите вработени, изјави Стојаноски од Собранието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот