ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев е тендерашки картел со кој државата тоне

Фото: МИА

Македонија не може да се справи со епидемијата од корона вирусот поради неспособноста и неодговорноста на власта на Заев. Пак има трицифрен број нови заболени во едно деноноќие, односно 118 и 3 починати. Македонија надмина 13 илјади заболени што е 6 пати повеќе од тоа што го прогнозираше Венко Филипче, наведуваат во партиското соопштение од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта на Заев ја интересираат само криминалните тендери, личното богатство и пари. Во услови кога пропаѓа една банка, министерката Нина Ангеловска ја интересирало како да ги повлече своите депозити. Заев ја издаде Ангеловска дека владата одамна пред пропаѓањето на Еуростандард банка знаела за состојбите, па така наместо да се интересира за друго министерката за финансии се занимавала со извлекување на 200 илјади евра додека сите останати ќе мора да чекаат стечајна постапка за да си ги добијат своите пари. Токму поради ваквото однесување на Ангеловска, јасно и станува на целата јавност како Македонија се задолжи за цела милијарда евра нов долг, а патем да нема никаква помош за стопанството, нема капитални инвестиции, нема заштита на стандардот на граѓаните. Нивната неспособност и неодговорност и терањето лични бизниси сега сите граѓани ќе го плаќаат со повисока цена на струјата за 7,5%- стои во соопштението.

Власта на Заев, потенцираат оттаму, е класичен тендерашки картел со кој државата тоне, а тие се богатат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот