ВМРО-ДПМНЕ: Владата нема реализирано ниту 30 проценти од досегашните три сета на мерки

Мафијашката власт на Заев нема ниту план, ниту стратегија да се справува со економските последици од економската криза. Тоа што економијата падна за 12,7% за само три месеци, тоа што над 40 илјади лица останаа без работа, тоа што власта создаде една милијарда нов долг, не е доволно да се откажат од своите политики купи ден, помини, реагираат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Веќе три месеци поминаа од изборите, а тендерашката власт се уште нема понудено четврти пакет мерки за стопанството. Очигледно се подготвуваат со нови популистички исплати со цел да купат социјален мир уште еден месец, додека економијата се дави во проблеми. Дека освен голиот поткуп нема суштинска поддршка за фирмите говори тоа што според податоците изнесени во јавноста владата нема реализирано ниту 30 проценти од досегашните три сета на мерки, а сега се расфрла со најава за четврти сет на антикризни мерки. Очигледно е дека криминалот и корупцијата на власта ги изеде парите, а економијата и граѓаните ги остави да тонат во сиромаштија- стои во соопштението од ВВРО-ДПМНЕ.

Со оваа мафија на власт нема економски напредок, велат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот