ВМРО-ДПМНЕ ветува енергетска обнова на Македонија

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Македонија мора да застане на нозе. Државата мора да биде економски и енергетски силна и независна. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија, кој предвидува и целосна енергетска обнова, информираат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Нашата стратегија е за целосна гасификација на Македонија, достапност на природен гас до сите домаќинства, индустријата, малите и средни претпријатија, образовните и социјални институции и здравствените установи. Дополнително ветуваме и се обврзуваме на поголема искористеност на обновливите извори на енергија – Изградба на ветерен парк во Миравци и систем за складирање на енергија од ветерен парк Богданци, како и бескаматни кредити и грантови за поставување на нови енергетски ефикасни фасади, прозорци, изолација на под и покрив- стои во соопштението.

Се обврзуваме, велат оттаму, за набавка на рударска опрема за РЕК Битола и продолжување на животниот век на термоцентралата со нови рудни копови во Живојно и Мариово, како и продолжување на животниот век на ТЕЦ Осломеј и гасификација на ТЕЦ Неготино.

-Ќе биде реализирано и ЈПП за изградба на Когенеративна централа Исток, со цел дополнително зајакнување на енергетските капацитети и намалување на потребата од увоз на струја. Македонија, енергетски стабилна земја е нашата обврска и на тоа се обврзуваме! Завршува времето на лошите политики во енергетиката и црпењето на пари од РЕК Битола, и другите енергетски капацитети во Македонија. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова!- е наведено во соопштеното.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот