ВМРО ДПМНЕ в сабота ќе протестира пред Министерството за здравство: Здравје, а не провизии!

ВМРО-ДПМНЕ/ Фото: Скриншот

„Здравје, а не провизии“, градскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ најавува протест в сабота, во 11,30 часот пред министерството за здравство.

-3.500 починати поради корона. Провизии за вакцини преку фантом фирми, а вакцини нема. Сведоштва за тоа дека пациенти умираат, а кислород нема. Болниците не можат да одговорат за потребите на сите пациенти, докторите го даваат максимумот, но министерот не.
Денес починаа 25 луѓе. Овие животи можеа да бидат спасени, доколку министерот за здравство Филипче обезбедеше вакцини. Имаме полициски час кој е воведен како алиби дека се прави нешто, но резултати нема. Главниот проблем е што немаме систем, а имаме скандали. Системот не функционира затоа што министерството за здравство има помешани приоритети, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од градскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ бараат оставка од министерот за здравство Венко Филипче.

Овој протест е под мото “Здравје, а не провизии!!!”- Оставка на Филипче! Одговорност затоа што здравството не функционира, затоа што не смее да се молчи на неправдите, грешките, немањето на одговорност, за системот кој не функционира. Не смееме повеќе само да се бројат жртвите и да останеме без одговор на губењето животи. Аплауз за докторите, уаа за Филипче!, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот