ВМРО-ДПМНЕ утре ќе протестира со возила во повеќе градови

ВМРО-ДПМНЕ утре вечер во Скопје и уште шест градови во државава со возила ќе протестира против, како што велат, криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот.

Во Скопје протестот ќе започне во 18.30 часот од СЦ Јане Сандански, па се до Владата, а ќе се протестира и во општините Велес, Охрид, Куманово, Прилеп, Штип, Битола.

-Македонија стана земја на криминалци, мафијаши на власт и неправда. Има за врхушката на власт, а нема за народот. Прогонот на политички неистомисленици стана секојдневие од страна на власта, која пак го прикрива стравот од казната која им следи од народот, истакнуваат од опозицијата.

Според нив, криминалот и корупцијата на власта се сериозни проблеми со кои се соочува државата и ги повикуваат граѓаните да се приклучат на протестотот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот