ВМРО-ДПМНЕ: Троцифрена бројка на заразени, а Филипче и Заев ни велат ја победиле заразата

Фото: МИА

Министерот за здравство, Венко Филипче ја споделува лудоста на Зоран Заев. Се случува тотално фијаско во справување со кризата произлезена од корона вирусот. Бројката на новозаболени со Ковид- 19 енормно се зголемува од ден на ден, а власта нема никаква стратегија, реагираат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, по прес-конференцијата на министерот за здравство, Венко Филипче.

-Додека луѓе умираат секојдневно од Ковид-19, Филипче и Заев ни велат не умираат. Според нив вирусот слабее. Заразата се шири со енормна брзина, на ден има по троцифрена бројка на заразени, а Филипче и Заев ни велат ја победиле заразата. Ако Филипче и Заев велат дека сме ја победиле заразата и дека вирусот слабее, дека се е супер зошто тогаш го држат народот затворен три дена. Дека требаше масовно тестирање, скриниг пред се на ризичните групи меѓу кои се и здравствените работници покажува и бројката на новозаразени здравствени лица. Од ден на ден има се повеќе заболени со што се десеткува здравствениот кадар, со кој и онака кубуриме поради лагите на Филипче и Заев- стои во реакцијата од партијата.

Хоророт со корона вирусот во Македонија продолжува, велат оттаму, а во другите, меѓу кои и соседните земји скоро нема ни заболени. Лудоста на Филипче и Заев мора да запре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот