ВМРО-ДПМНЕ: Со Заев Македонија нема европска иднина

ВМРО-ДПМНЕ победи во 41 општина и освои повеќе пратеници отколку СДСМ без коалициониот партнер Беса и покрај недемократската атмосфера и масовен поткуп кој екипата на Заев го правеше во текот на кампањата, реагираат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

-Влада на Заев ќе значи дополнително тонење на економијата и распламтување на здравствената криза, нешта со кои тој и СДСМ покажаа дека ниту знаат ниту можат да се справат. ВМРО-ДПМНЕ е партијата која доби поддршка кај народот и која ќе се справува со сите предизвици пред кои е исправена Македонија и народот. Блескањето на Заев ја урниса Македонија, па сме доведени во ситуација државата да нема пари после септември. На тоа мора да се стави крај- наведуваат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев е последниот остаток од транзицијата кој мора да биде поразен, истакнуваат оттаму, затоа што со таков политичар Македонија нема европска иднина, затоа што истиот е антипод на европските вредности.

-Покажа во овие три години дека ниту економски успеси немаше, немаше ниту правда, немаше ниту борба против криминалот, туку напротив беше носител на сите порази, неуспеси на Македонија и на крајот на краиштата беше синоним за корупцијата- велат од партијата.

Заев: Мицкоски е аутсајдер, a ВМРО-ДПМНЕ и на овие избори покажа дека е заробена од груевизмот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот