ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ имаме само деструкција и загуби

Фото: МИА

Само Костадин Костадинов може да излезе и да бара брзи избори во ден кога имаме 3 нови мртви од коронавирус. СДСМ некрофилска и Зоран Заев се во борба за спас на власта и по цена на човечки животи, стои во партиското соопштение од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Република Македонија е единствена држава од регионот каде немаме намалување на бројот на случаи од коронавирус, иако државите од опкружувањето веќе и по 10 дена немаат ниту еден нов случај. Денеска во Република Македонија имаме 3 ново починати од коронавирус, а Зоран Заев при полна свесност бара избори. Тоа е организирано убиство од политички побуди. Зоран Заев и СДСМ свесно го ставаат животот на граѓаните во опасност, единствено за да ја задржат власта- стои во соопштението.

Со СДСМ имаме само деструкција и загуби, велат оттаму, потребна е итна стратегија за обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ знае како.

-ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ, стои во соопштението,  со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот