ВМРО-ДПМНЕ со ново барање за повлекување од функција: Оставка од Лидија Димова – веднаш

Три дена молк од Јавното обвинителство (ЈО) за случајот со 270.000 евра доделени на фризерница, а Лидија Димова, како актуелна директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во изминатите три години е загушена во криминал, се обвинува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Дали од тендери, дали од набавка на луксузни возила, џипови, дали од доделување на грантови, загушена е во криминал, а ЈО сè уште нема преземено никаков чекор. Цели три години се читаат и слушаат скандали низ медиумите со докази за проневери и сомнежи за криминал поврзани со Лидија Димова, а јавното обвинителство и финансиската полиција сè уште молчат. Замислете, фризерница која земала 270.000 евра за едукација за медиумска писменост, во 2017 година има завршна сметка со нето добивка од 3.000 денари, а веќе 2018 година откако почнува соработката со Лидија Димова и грантовите, истата фризерница има нето добивка од 2.700.000 денари или фризерница со две столчиња има добивка од околу 43.000 евра, е наведено во дописот потпишан од портпаролот на опозициската партија, Димче Арсовски.

Во соопштението се бара од Лидија Димова да си даде оставка веднаш оти, како што е напишано, „таков директор не смее да ја води институцијата, а секој минат ден како директор е ден повеќе да прикрива докази и сокрива документација истото како што се случуваше од Катица Јанева во СЈО“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот