ВМРО-ДПМНЕ со комплетно нови кандидати за локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ веќе има дефинирано 15-на кандидати за претстојните локални избори, а до средината на јули ќе соопшти уште толку.

Како што рече вечерва лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, се работи за комплетно нови имиња.

 

-За локалните избори веќе имаме 15-на имиња дефинирано, уште толку до средина на јули очекуваме да бидат дефинирани како најсериозни каднидати, а конечно сите кандидати ќе ги објавиме во септември, истакна Мицкоски во дневникот на ТВ Сител.

Актуелните 15 имиња, дополни, се сериозни фаворити зашто во споредба со потенцијалните кандидати од СДСМ се многу поразлични и имаат што да понудат и поради тоа, рече Мицкоски, ќе бидат победници.

Попладнево, на брифинг со новинарите, генералниот секретар на владејачката партија, Љупчо Николовски соопшти дека првите имиња на кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ ќе бидат познати на 13 јули. Според него, СДСМ ќе ја креира најдобрата понуда за секоја општина на овие локални избори

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот