ВМРО: ДПМНЕ: Со четвртиот пакет на мерки нема помош за студентите и учениците

Скопје, октомври 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

СДСМ потфрли на економско поле. Од ветените над половина милијарда евра за првите три пакети на економски мерки исплатиле едвај 1/3. На СДСМ полесно им беше да ги потрошат парите за поткуп, отколку да им помогнат на граѓаните и бизнисот, соопшти опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Четвртиот пакет кој што сега го ветуваа, немаше да биде потребен, доколку домаќински ги реализираа досегашните три пакети. Парите наместо кај граѓаните и бизнисите завршија кај фирмите на Нина Ангеловска и Заеви. Дополнително со мерките не се опфатени сите. Заев не ги опфати студентите, и не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за ослободување од партиципација на сите студенти запишани на државните универзитети. Не се опфатени ниту учениците во основните и средните училишта- стои во соопштението.

Четвртиот пакет на мерки, потенцираат оттаму, уште еднаш покажа дека на Заев побитен му е дневниот ПР, отколку долгорочната добробит на граѓаните и бизнисот“ додава партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот