ВМРО-ДПМНЕ: Со 30 отсто од тестираните заразени и смртност броена во десетици на ден власта прави попис и оди кон хаос

Со 30% од тестираните заразени и смртност броена во десетици на ден власта прави попис и оди кон хаос свесно ставајќи го животот на целата нација во опасност.

Само во текот на вчерашниот ден бројот на заразени изнесуваше 30% од бројот на тестирани, така е секој ден, процентот во изминатите неколку дена не паднал под 20%, и во таква една ситуација власта сака да турка попис.

5.500 попишувачи, ќе треба да влезат во секое домаќинство во државата. Голем број од нив може да бидат асимптоматски, а да заразат хронично болни или стари луѓе, по што последиците по тие луѓе ќе бидат фатални.

Ако Зоран Заев е спремен и по цена на стотици, и илјадници изгубени животи да оди на попис, Македонија не е. Не вреди да се става животот на нашите најмили на коцка. Заев е 4 години на власт и можеше да организира попис. Попис може да се организира и на есен, но животите кои што ќе се изгубат не може да се вратат.

Првин имунизација на населението, а потоа попис.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот