ВМРО-ДПМНЕ: Шверцерска одлука на РКЕ, на еден час пред полициски час бензините поскапени за 3 денари

ВМРО-ДПМНЕ/ Фото: Скриншот

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за промената на цените на нафтените деривати.

„Шверцерска одлука на РКЕ, на еден час пред полициски час бензините поскапени за 3 денари.Ова е второ покачување на цените на горивата оваа недела, откако на 5 април беа веќе еднаш покачени. Ова е 4 денари покачување за една недела. Ова е преседан и сигнализира дека власта незнае како да го полни буџетот па удира по народот. Партиската испостава на Заев, која го регулира енергетскиот пазар ги покачи цените на горивата во сред недела, на само еден час пред почеток на полициски час“, стои во писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму забележуваат дека граѓаните брзаат кон бензинските каде се создаваат колони со возила.

„РКЕ на Заев во пандемија немилосрдно удира по џебот на граѓаните. По покачените акцизи, константното покачување на цените на горивата е уште еден начин за полнење на празниот буџет директно од сиромашните граѓани“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот