ВМРО ДПМНЕ: Шилегов, твојата среќа има цена, 100 илјади евра за една вечер

Веста дека Дино Мерлин на плоштад „Македонија“ за Нова година ќе пее за 100 000 евра, наиде кај револт кај Советничката група на ВМРО ДПМНЕ, па кратко по објавувањето на фејсбук статусот на Петре Шилегов, со свое обраќање се јавија и тие:

-Почитуван градоначалник Петре Шилегов,среќата на Скопјани нема цена, ама очигледнo Вашата има, и таа е 100 илјади евра за една вечер, реагираат од Советничката група на ВМРО-ДПМЕ на објавата на Шилегов.

-А ако се мери во месеци, таа е отприлика 12 милиони евра колку што ја продадовте Градската куќа (несметано, но веројатно надополнето за авантата во 4 очи). Оттука пред да продолжите со цената на насмевките, добро е да кажете кои се спонзорите кои даваат 100 илјади евра, и колку тие спонзори имаат бенефит од владата во други бизниси, стои во реакцијата на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-И за на крај, грешите, кога Ви велат дека лош Ви е ПР-от, не се фалите доволно, ве лажат, не е до ПР-от, до вас е, не работите. И колку да не остане заборавено, Скопјани во едно ќе Ве послушаат, “никад нема да гласаат” за вас, му порачаа од советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот