ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов наместо да ги награди пожарникарите заработува со криминал на нивен грб

Петре Шилегов без срам држи говор пред пожарникарите кои немаа возила за гаснење пожар, а плати дупло за противпожарна скала.

Шилегов наместо да ги награди пожарникарите заработува со криминал на нивен грб.

Шилегов не даде ниту денар за нови униформи, чизми, средства за работа и опрема, но затоа плати дупло за противпожарната скала.

Наместо јавен интерес, Шилегов работи за приватниот интерес.

Противпожарно возило со скала кое во Загреб чини 800 000 евра, Шилегов го плаќа 1.7 милион евра, дупло поскапо.

Тоа не е инвестиција, тоа е грабеж.

Со истите пари Шилегов ќе купеше и возило, и униформи, чизми и разна опрема. Но тогаш немаше да има изведувачи, подизведувачи и разни извршители како „Армор плус” кои треба да се наплатат од милионскиот договор.

Шилегов е срам за Скопје, и за градските институции. Шилегов е срам за луѓето пред кои држеше говор. Тие се скопските херои, а тој скопскиот штетник, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ФОТО | Шилегов: Околу 10 јуни треба да пристигне противпожарна скала и дополнителна опрема за пожарникарите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот