ВМРО-ДПМНЕ: Секој ден е нов пик, Венко Филипче го внесува системот во хаос

Фото: МИА

Во текот на вчерашниот ден 22 лица починаа од ковид-19, тоа е директна вина на Комисијата за заштита од заразни болести и Венко Филипче кои преспаа цело лето без ништо да направат со цел да ја подготват државата за есенскиот бран, велат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Секој ден е нов пик. За една недела имаме над 2000 заболени, а Филипче кој тврдеше дека толку ќе биде бројот на заразени во тек на цела пандемија, не гледа причина да си поднесе оставка. Венко Филипче го внесува системот во хаос. Венко Филипче не направи ништо за зголемување на болничките капацитети, иако знаеше дека не очекува есенски бран. Власта не направи ништо ниту навремено да обезбеди вакцина против сезонски грип,  а со тоа ги остави возрасните ј хронично болните на силен удар на грипот во време на пандемија- велат оттаму.

Венко Филипче не инвестираше ниту во здравствениот персонал, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ и со своето лошо менаџирање само допринесува медицинскиот кадар да ја напушта државата.

Граѓаните очекуваат сериозен пристап, а не аматеризам. ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност веднаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот