27.8 C
Скопје

ВМРО-ДПМНЕ се пишмани за ситнење на пратеничката група?

До собранискиот спикер Талат Џафери нема пристигнато иницијатива за ситнење на пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ, односно за формирање осум или десет пратенички групи со пратеници од оваа партија, што се овозможува со Деловникот на Собранието.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски за „Слободен печат“ вели дека во партијата го анализираат односот на спикерот Џафери кон целокупната опозиција во парламентот, па потоа ќе се произнесат и за формирањето на повеќе пратенички групи, но и за интерпелацијата на спикерот.

Извори во владејачкото мнозинство велат дека најавата за формирање на најмалку осум пратенички групи од страна на опозицијата би бил уште еден очајнички обид за привлекување на вниманието и блокада на системот.

– Целта е блокада на Собранието, кое нема да им успее. Нема логика од иста политичка партија да има повеќе пратеничките групи, тоа би бил вовед во нов 27 април – велат во СДСМ.

Неодамна на брифинг со новинарите, спикерот Џафери за овие најави на ВМРО-ДПМНЕ рече дека политичката клима во моментов е поинаква од таа во 2017 година, кога тие беа поделени во десет групи.

– Методите на дејствување кои значат поголема моќ за блокада, треба да се напуштат, за Собранието да почне да функционира – рече Џафери.

Поврзани вести

Саливан: САД сега имаат „јасни ориентири“ кон Русија

Слободен печат

Што содржи македонскиот предлог до Софија?

Курц: Северна Македонија сработи одлично на патот на евроинтеграциите

Слободен печат

Европската унија со економски санкции против Белорусија

Слободен печат

Вулин: Да им се забрани влез во Србија на оние кои гласаа за Резолуцијата за геноцид во Сребреница

Катерина Стевовска

ФОТО | Вистинско уживање! Се кандисавме за Охрид, бендисавме и топло препорачуваме: Кај Маја и Душица на домашни специјалитети од кои ќе ви се отворат сите чакри

Јасмина Кантарџиева Димков

Остави Коментар