ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува да се изживува врз ѓорчепетровци, Наумовски заплашува со полиција

Насилието кое денес го демонстрираа, потенцираат оттаму, е знак дека се исплашени од граѓаните и дека се што прават го прават со сила и без општ граѓански консензус.

СДСМ продолжува да се изживува врз ѓорчепетровци и да нема слух за нивните реални проблеми. Советничката група на СДСМ е директен заложник на Александар Наумовски и ги исполнува неговите желби за негов личен финансиски бенефит, регираат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, откако утрово за малку беше избегната тепчка помеѓу советници и жители на Ѓорче Петров.

-На денешната седница на Советот на општина Ѓорче Петров советниците од ВМРО-ДПМНЕ побараа присуство на градоначалникот Александар Наумовски и ставање на дневен ред на точката – Ревидирање на ДУП СЗ 24, со што побараа да се намали катноста на зградите и укинување на одредбата која што дозволува висина од 58 метри или 17 ката; Да се намали бруто развиената градежна површина која сега изнесува над 90000 метри квадратни и 800 станови; Намалување на опфатот на градежна површина, а зголемување на површината на зеленилото. Барање кое беше одбиено од СДСМ. Барањето за ставање на точката на дневен ред беше нелегитимно одбиено, и истото претставува крајно лицемерие- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

По двете барања на седницата се приклучија и претставниците на Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров кои на 16.09.2020 поднесоа барање за ревидирање на ДУП-от во општина Ѓорче Петров, поточно СЗ 24 во месноста Јурија во Дексион.

-И претставниците на Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров побараа одговор од претседателот на Советот на општина Ѓорче Петров зошто во изминатиот период на неколку пати точката не се става на дневен ред и со самото игнорантско однесување придонесуваат за бес кај засегнатите граѓани. Претседателот на Советот, Илија Спасовски ја отфрли можноста и овој пат да ја стави точката на дневен ред, а со тоа повторно покажа непочитување на потребите на граѓаните и го затскрива главниот застапник на урбаната мафија, Александар Наумовски. Градоначалникот и локалната власт во недостиг на аргументи за барањата на граѓаните, повикаа полиција со цел да создадат страв и паника, како кај советниците на ВМРО-ДПМНЕ, така и кон претставниците на иницијативата. Дополнително беше повикано и приватно обезбедување со цел заплашување на советниците и граѓаните- стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Насилието кое денес го демонстрираа, потенцираат оттаму, е знак дека се исплашени од граѓаните и дека се што прават го прават со сила и без општ граѓански консензус.

-Советничката група на СДСМ со нејзиното поддржување на ДУП-от за СЗ 24 во месноста Јурија во Дексион, директно соучествува во урбаното дивеење на Александар Наумовски, со што се потврдува тезата дека градоначалникот директно е вмешан во урбаниот криминал во општина Ѓорче Петров- стои во соопштението.

Претставниците на Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров најавија нови протести и блокади против урбаното дивеење.

Избегната тепачка меѓу советници и жители во Ѓорче Петров (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот