ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ киднапираа пратеник за да продолжат да крадат

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагираше на наводите изнесени од страна на координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Јован Митрески.

Еве го во целост соопштението од ВМРО-ДПМНЕ:

„СДСМ и ДУИ денес киднапираа пратеник за да можат да останат да крадат.

Денес сме сведоци на насилие врз народни избраници какво не е видено во современа Европа.

СДСМ држи во заложништво човек за да продолжат тендерите во РЕК, скапите набавки на струја, провизиите за вакцини.

СДСМ направи циркус од собранието за да продолжат со неодговорност за 14 живи изгорени луѓе во Тетово, за најголемата смртност од КОВИД во Европa.

СДСМ ја уби демократијата денес. Затоа сме на 111 место на листата на Транспаренси и уште ќе тонеме.,

Со СДСМ државата е заглавена со мафијашките кланови. Промените доаѓаат колку тоа и на мафијашите да не им одговара, и тие ќе се случат. А тогаш ќе има одговорност“, се вели во соопштението од опозициската партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот