ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го одбележа меѓународниот ден на образованието со 20.000 ученици кои не добија знаење

ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека 20.000 ученици немаат компјутери, додека премиерот Зоран Заев се луксузира.

„На СДСМ изгледа треба да им се нацрта дека нивниот партиски лидер Заев во декември месец призна дека 90% од учениците следат онлајн настава, тие 10 проценти се дури 20.000 ученици кои наставата не ја следеле во првото полугодие. СДСМ или лажат или го демантираат својот шеф.

СДСМ го одбележа меѓународниот ден на образованието со 20 илјади ученици кои не добија знаење, затоа што немаат компјутери, додека Заев се луксузира.

На СДСМ не им е гајле што 20,000 дечиња немаат услови да добијат било какво знаење. Власта е тотално рамнодушна што Македонија последниве години ја нема со ниедна образовна институција на Шангајската листа, што реформи во образование се прават по лаги за Финска и по тоа како ќе и текне на Царовска.

Ветувањата за дигитализација во образованието се само сон, додека кровови паѓаат во училиштата од инвестициите кои СДСМ ги направи во образованието.

Владеењето на СДСМ и Заев е систематско уништување на генерации и неспособност да се создаде просперитет во иднина, заради неписменоста која сакаат да ја создадат на долг рок.“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот