ВМРО-ДПМНЕ: Рускоска и Кацарска станаа синоним за неправдите на Заев и Луј Витон правниот систем, не очекуваме да им се допаднат спотовите

Фото: МИА

Не очекувавме на Вилма Рускоска и Добрила Кацарска да им се допаднат спотовите на ВМРО-ДПМНЕ кои ја отсликуваат вистината, исто како што на Македонија не ѝ се допаѓа тоа што во државата се амнестира криминалот велат од опозициската партија по нивните реакции за спотовите од изборната кампања.

-Очигледно Вилма Рускоска и Добрила Кацарска освен тоа што не реагираат за криминалот во државата, се чини дека стануваат и адвокати на Зоран Заев. Сигурни сме дека јавноста има уште една шанса на дело да ја види нивната улога, овојпат како цензор на СДСМ против кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.

-А, за второто видео за кое реагира Вилма Русковска и Кацарска ја отсликува жалната реалност дека Русковска и Кацарска станаа синоним за неправдите на Зоран Заев и Луј Витон правниот систем во Република Македонија. Истиот тој систем овозможува неказнивост на криминалот, а тоа ќе се реформира по 15 јули, велат од опозицијата.

Кацарска претходно истакна дека се злоупотребуваат парите на граѓаните, бидејќи тоа се пари кои партиите ги добиваат за претставување на програмите, а таа не е кандидат за пратеник. Рускоска од друга страна, преку полномошник доставила опомена пред тужба за клевета.

Рускоска со опомена пред тужба до ВМРО-ДПМНЕ, бара извинување толку пати колку што и спотот бил емитуван на секоја од телевизиите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот