ВИДЕО | Лефков: Регистрирани многу нерегуларности, но очекуваме победа во многу општини

Миле Лефков / Фото: Архива на „Слободен печат“

Многу позитивна енергија, но и голем број нерегуларности во денешниот и претходниот ден, за кои се поднесени соодветни пријави во ДИК, соопшти ВМРО-ДПМНЕ на првата прес конференција по затворањето на избирачките места. Од партијата велат дека е рано  за првични резултати.

Забележавме нерегуларности и нарушување на изборниот процес, како и коруптивно делување. Вчера и завчера имаше кршење на изборниот молк, заплашување и притисоци од носители на јавни функции, како и злоупотреба на државни ресурси во партиски цели. Имавме брутален напад на медиумски работник во Прилеп, имаме бугарски воз, полнење на гласачки кутии во Сарај, за што поднесовме соодветна пријава во ДИК, рече пратеникот Миле Лефков.

Имаме отворени сомневања за поткуп во Прилеп, Охрид, Битола, Делчево и делови од Скопје, додаде Лефков.

– Граѓаните ја сфатија потребата за промена. Убедени сме дека во вториот круг ќе има поголема излезност и граѓаните ќе дадат дадат поддршка за промените. На власт во државата имаме гарнитура потопена во корупција. Во текот на вчерашниот ден забележавме кршење на изборниот молк, злоупотреба на државни ресурси како и обид за поткуп во Велес, Неготино, Битола, Охрид, Прилеп и некои делови од Скопје.
Имаме сомневања за обид за бугарски воз и за тоа е одговорна власта. Ќе почекаме официјални резултати, но верувам дека во многу општини ќе победиме. И покрај нерегуларностите, чувствуваме убава енергија од граѓаните, рече Лефков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот