ВМРО-ДПМНЕ предлага укинувањето на пржинската влада да биде на седницата в среда

Фото: МИА

ВМРО-ДПМНЕ во дописот до претседателот на Собранието Талат Џафери бара нивниот предлог закон за измена на законот за Влада, односно укинување на пржинската влада која се избира 100 дена пред изборите, да оди во скратена постапка и тоа на седницата која веќе е закажана на 26 јануари (среда).

„Слободен печат“ дојде до Предлог-законот кој ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го достави до Собранието.  Предлог-законот има 11 члена и предвидува да се избришат 10 члена и со тоа преодната влада која 100 дена пред изборите се формира за организирање на изборите да замине во историјата.

„Целта на предлогот на законот е бришење на одредби за функционирање на Владата на Република Македонија кои беа донесени заради организирање на предвремените избори за пратеници во 2016 година“, се вели во предлог-законското решение.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот