ВМРО – ДПМНЕ предлага нови мерки за решавање на проблемот со угостителите

Пандемијата која на светско ниво зазема огромни размери и не ја изостави ниту Македонија, покрај здравствениот систем и здравјето на граѓаните ја руши и економијата, која и онака беше слаба и не втурна во економска криза.

Ситуацијата во стопанството и кај компаниите е драматична и алармантна. Ние како опозиција дадовме неколку сетови предлог мерки за решение на кризата, а денеска нудиме уште осум со кои сметаме дека ќе се реши проблемот со угостителите, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ денеска јавно презентира мерки за спас на угостителскиот сектор и вработените во него да не останат без своите работни места, а од Владата очекуваме да бидат прифатени.

Овие мерки ќе бидат доставени и до Владата преку институционалните канали и очекуваме да бидат прифатени, изјави денеска Владимир Неловски, член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ.

Бараме да им се помогне на компаниите од угостителскиот сектор со 50% од бруто платата која ја исплаќаат за секој вработен за месеците МАРТ, АПРИЛ и МАЈ. Владата да донесе законска одлука каде што угостителите кои имаат објекти под закуп што се под јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор или било која државна институција да бидат ослободени од плаќање на кирија за месеците МАРТ, АПРИЛ и МАЈ. Да се најде институционален начин, угостителите кои имаат под закуп објекти кај приватни закуподавачи да плаќаат барем половина од месечната рата односно кирија, за истиот период. Сите угостителски објекти да бидат целосно ослободени од плаќањето на закупот за летни тераси за целата летна сезона 2020. Јавните давачки кон државата, да бидат одложени до 10-ти месец 2020 година. Режиските трошоци за угостителските објекти, трошоци за струја, вода и останатите, кои ќе доспеат за месец МАРТ, АПРИЛ и МАЈ, да се одложат за плаќање од 10-ти месец 2020, и да се плаќаат на рати. Да се намалат критериумите за аплицирање на мерки за помош од државата за угостителите.

Со спроведување на овие предлог мерки ќе се спасат работните места на 30.000 угостителски работници, додаваат од партијата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот