ВМРО-ДПМНЕ предлага четири сценарија за смена на Русковска

Истото обвинителство, со нов обвинител за организиран криминал и корупција кој може да е и професор, е одговорот на ВМРО-ДПМНЕ до владиниот тим за предлогот за законот за Јавно обвинителство. Опозицијата смета дека треба само да се смени обвинителката Вилма Русковска и понуди четири сценарија за избор на новиот обвинител и во сите понуди ВМРО-ДПМНЕ го има последниот збор за изборот.

Пратеникот Антонио Милошоски, кој е дел од преговарачкиот тим, вчера рече дека досегашниот стандарден модел треба да се задржи да остане обвинителството за гонење на криминал и висока корупција како единствено, неподелено обвинителство. Според него, самото превземање од страна на ова обвинителство на надлежностите на досегашното специјално јавно обвинителство доколку се донесе закон за истото да вклучат и методологија за избор на новиот обвинител за организиран криминал при што опозицијата, Собранието и Комисијата за избори и именување ќе имаат битна улога.

Прочитајте и...  Швајцарската претседателка ги покани сите нејзини врсници на својот 60. роденден

– Во однос на самиот избор предлагаме методологија која што ќе даде сигурност дека нема власта да го има последниот збор и да избере владино подобен обвинител од типот на госпоѓата Русковска, туку опозицијата предлага од оние кои што ќе конкурираат за тоа обвинителство една личност, доколку тој предлог не помине се повторува постапката уште еднаш, доколку теоретски и тој предлог не помине тогаш опозицијата и владејачкото мнозинство имаат можност заеднички да предложат личност  до Советот на јавни обвинители, доколку и тоа не се случи тогаш опозицијата го задржува правото да предложи тројца кандидати до Советот за јавни обвинители кој што ќе одлучи согласно високите стандарди во законот кој од нив би бил избран за обвинител за организиран криминал и корупција, истакна Милошоски.

Прочитајте и...  Без струја утре делови од Сарај, Ѓорче Петров, Карпош и Гази Баба

Опозицијата смета дека за изборот за обвинител освен од обвинителската фела би можеле да бидат номинирани компетентни лица и од академската сфера кои што имаат соодветно искуство во кривично-правната материја, односно професори.

Премиерот Зоран Заев вчера рече дека не е запознаен со предлогот но нагласи дека секој предлог е вреден за внимание, како и тоа дека не треба да се дозволат ситуации каде политичарите и партиите ќе менуваат обвинители кога ќе им текне и да се договараат за нешто што е недозволиво.

– Не треба да дозволиме – седнале лидерите, партиите кога ќе им текне за да менуваат обвинители. Вилма Русковска има мандат од четири години, досега е обвинител десет месеци. Вилма Русковска води многу предмети, лично таа и нејзиното обвинителство. Едни се настаните од 27 април и многу други и тоа е уште една причина буквално да не испраќаме порака дека политичарите меѓусебе тајно на работни групи се договараат каде што има допирни точки, таму каде што е недозволиво, а тоа е во делот на независното правосудство, изјави Заев.

Прочитајте и...  Си-Ен-Ен: САД сака да го зајакне нуклеарниот арсенал за да може да и парира на Русија

Во однос на нова лидерска средба, премиерот Заев рече дека ќе чекаат сигнал од работните групи па потоа дали со нив како лидери на двете најголеми партии или само работните групи потребно е да се реши тоа прашање кое, според него, е важно да се обезбеди континуитет на предметите и оти тоа е минимум очекување и од граѓаните и од Европската унија.

Прочитај повеќе

Белата куќа побара од Конгресот 2,5 милијарди долари за борба со коронавирусот

МИА Агенција

Украинска амбасада во Белград: Антиукраинска и антисрпска провокација на Саемот за туризам во Белград

МИА Агенција

КАКО се шири коронавирусот во Иран?! (ВИДЕО)

Слободен печат.

Пецас: Веднаш започнува изградба на затворените центри за бегалци и мигранти на островите

Слободен печат

Царовска: Минималната плата ги покачи и останатите плати во државата

Хилари Клинтон: Приоритет на изборите е да се испрати Трамп во пензија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Конте: Италија е безбедна земја за патувања и туризам

Слободен печат

Деркоски: Ниту еден избирач нема да може да гласа без важечки личен документ на изборите на 12 април

Слободен печат

САД покрена постапка против Хафтар за воени злосторства

Слободен печат

Трамп: Ниту сакам да ми помогне, ниту ми помогнала некоја земја да победам на изборите

Слободен печат

Филипче: Патникот од Дубаи нема коронавирус

Слободен печат

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Филипче за пациентот со симптоми на коронавирус

Слободен печат