ВМРО-ДПМНЕ прашува: Дали Мијалков во Обвинителството е донесен со владин црн пасат?

Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение излезе со нови детали  за, како што ја нарекуваат, коалицијата на премиерот Зоран Заев со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

„Коалицијата Заев – Мијалков се повеќе излегува на виделина. А доказите се насекаде. Мијалков се појавил во ЈО во 16 часот, а театарот пред камери го прави во 16.40 часот. Што правел Мијалков 40 минути и дали ЈО го пуштило да прави циркус пред камери? Мијалков наместо веднаш во куќен притвор глумел изненаден, и му правел на Заев простор за промоција“, се вели во соопштението.

Од партијата прашуваат и дали Мијалков во ЈО е донесен со службен владин црн автомобил марка „фолксваген пасат“? И каде бил претходно?

„Две минути откако се снимал Мијалков пред ЈО, Заев се јавува со фејсбук објава каде што се фали дека тој вршел притисок Мијалков да се предаде. Режијата е премногу очигледна. Заев и Мијалков се цело време во комуникација. А да не беше ВМРО, народот и меѓународната заедница Мијалков сега ќе беше на слобода, бидејќи тоа беше планот на Заев, за да можат да прават вештачка криза во ВМРО“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот