ВМРО-ДПМНЕ: Прашањата кои ги тиштат припадниците на АРМ вешто се избегнуваат

Фото: МИА

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска упорно се крие и избегнува одговорност за своите постапки пред македонската јавност. Во недостиг на аргументи и одговори на упатените прашања и сомневања од страна на Драган Ковачки во јавноста, таа уплашено се обидува да се скрие зад т.н. соопштение на Секторот за комуникации, аналитика и оперативна поддршка на Министерството за одбрана, стои во соопштението од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

– И се ќе беше во ред доколку не ги познававме вистинските професионалци кои работат во овој сектор кои во моментот се заменети со партиски мегафони во министерството задолжени да го бранат ликот и делото на Радмила Шеќеринска. Од Министерство зад кое што треба да се обединат сите граѓани, Шеќеринска успеа да направи партиски пропаганден центар на СДСМ кој што треба да ја шири розевата слика на Зоран Заев, Радмила Шеќеринска и останатите функционери на СДСМ во власта- стои во соопштението.

А сето тоа, велат оттаму, наспроти суровата вистина на уназаден безбедносен систем кој што секојдневно се деградира со актуелните постапки на Шеќеринска во министерството.

-Прашањата кои ги тиштат припадниците на АРМ вешто се избегнуваат по секоја цена од нејзина страна. Наспроти тоа се лиферуваат дрски соопштенија од името на Министерството за одбрана кои имаат за цел дискредитација на лична основа без вистинско суштинско објаснување на проблемите. Ваквите т.н. реакции со кои се прави обид да се наруши угледот на еден припадник на АРМ на висока армиска позиција на лична основа дополнително го нарушуваат угледот на Министерството за обрана- велат од ВМРО-ДПМНЕ:

Оттаму велат дека ваквата пракса на газење по личноста на висок армиски офицер во Македонската армија многу брзо ќе биде минато со заминувањето на Шеќеринска од Министерството за одбрана после парламентарните избори во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот