ВМРО-ДПМНЕ: Поважно е болниците да имаат кревети, отколку армијата да обезбедува болници

Градска болница „Св. Климент Охридски“ - Скопје

Кризната состојба се злоупотребува од Заев за популизам. Наместо армијата да обезбедува болници, поважно е болниците да имаат болнички кревети, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Освен гол популизам нема конкретни мерки од кризната состојба. Заев нејзе ја злоупотребува за гол популизам, наместо за конкретни мерки.
Од првиот ден кризна состојба единствено што дознавме дека координаторот Стојанче Ангелов бара совети по ФБ, а армијата ќе се користи за обезбедување на болници.

Наместо обезбедување на болници поважно е болниците да имаат болнички кревети кои во моментот ги немаат. Пациенти во болниците спијат на под на минусни температури, за да се дојде до слободен кревет се фаќаат врски што само го опишува хаосот кој постои во здравството.
Од друга страна државното здравство крахира, а џеповите на приватните болници се полнат додека на народот се празнат. Затоа наместо замајување на јавноста, кризната состојба да престане да се злоупотребува и нека се донесат суштински мерки. Филипче целата работа ја сваќа несериозно и затоа мора да си поднесе оставка“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот