ВМРО-ДПМНЕ: Поплавата во Суводол е заради неискуство, нестручност и непочитување на рударската документација 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини  дека поплавата во Суводол е резултат на нестручност, соопштението го пренесуваме во целост:

Хаваријата која се случи изминативе денови во РЕК Битола е вистинската слика за раководењето на СДСМ и ДУИ со енергетскиот систем во државата. Единствено што се грижи оваа криминална власт за енергетиката е тоа како може повеќе да се украде од РЕК Битола.

Поплавувањето во рудникот Суводол е резултат на неискуството, нестручноста и непочитување на соодветната рударска документација при вршењето на ископ на јаглен.

Состојбата што е актуелна овие денови е резултат на интензивни врнежи со кратки траења кои паднале во оквир на контурите на површинскиот коп Суводол. Во рударската документација се пропишува според начинот на заштита на рудникот од површински води.

За таа намена се предвидени заштитни ободни-одводни канали, етажни канали и водособирници и вклучувајќи го централниот водособирик чија примарна цел е зафаќањето на атмосферските води (100-1000 годишни води).
Доколку кадарот бил свесен на влијанието на интензивните врнежи и што од нив би можело да настане не би се однесувале вака комотно при експлоатацијата на јагленот.

Нестучниот, непрофесионалниот и несовесниот пристап кон професијата резултира со ваков тип на појави каде цената на нивно санирање ќе биде на товар на крајниот потрошувач на електрична енергија- граѓаните.
Целосна неспособност на оваа криминална власт во енергетскиот систем и справување со крижата во енергетиката придонесе да граѓаните плаќаат повиски сметки за струја, општините да тонат во долгови заради енормните сметки за струја и стопанството едвај да преживува заради големата цена на електрична енергија.

Целосно цунами во енергетиката од страна на оваа криминална власт. Премногу е.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот