ВМРО-ДПМНЕ побарала повеќе време да го разгледа Законот за заштита од заразни болести

На барање на опозицијата на денешната 18. собраниска седница не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, којшто треба да бидат основа за спроведување нови мерки за заштита од коронавирусот.

Од пратеничката група на СДСМ посочуваат дека опозицијата побарала време да го разгледа бидејќи имале сомнеж во некои одредби.

Од ВМРО-ДПМНЕ, потврдуваат дека побарале пред да се изјаснат за законот да го разгледаат и да дадат свои предлози. Од опозициската партија велат дека сакаат да дадат свој придонес и поддршка во напорите за справување со ковид-19.

Законот за заштита од заразни болести не беше ставен на дневен ред на собраниската седница

Законот, би се нашол на дневен ред на следната собраниска седница на 27 октомври, кога се очекува на работа да се вратат и двајцата пратеници позитивни на ковид – 19 од мнозинството, Лазе Танески и Исмаил Јахоски.

На собранискиот сајт во предлог-дневниот ред за денешната 18. седница како последна точка беше ставен и овој закон, но на седницата немаше образложение зошто тој денеска не се става на дневен ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот