ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат единствено во главата на Заев

Зоран Заев
Премиерот Зоран Заев се обраќа кон медиумите/Фото: Влада на Република Северна Македонија

Платите растат единствено во главата на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Реалноста во Македонија е дека над 65 проценти од вработените работат за месечна плата помала од 25 илјади денари, огромен број граѓани ги изгубија своите работни места, претежно ниско платени и состојбата во економијата е навистина лоша.

Во Македонија постои фрапантна бројка на лица кои земаат далеку потпросечна плата од онаа што во јавноста се лиферува.

Македонија со СДСМ на власт е рекордер во регионот со падот на вработеноста во приватниот сектор и тоа го потврдува и Извештајот на Светска Банка за пролетните прогнози за земјите од Западен Балкан, каде што во државата е забележан пад од 12% наспроти регионалниот просек од 6%.

Македонија е држава со најмалку странски директни инвестиции во споредба со земјите од регионот. Албанија и Србија имаат 5 до 15 пати повеќе инвестиции од нас. Дополнително Македонија има пад на БДП од -1,9 %, а сите земји од регионот бележат раст на економијата.

Долгот надмина 7 милијарди евра, а само во време на власта на Заев е зголемен за 2,4 милијарди евра. Тоа значи дека Заев го задолжи секое семејство во просек по 4800 евра, а патем не направи ништо, бидејќи и оваа година како и изминатите имаме катастрофално лоша реализација на капитални инвестиции. Затоа имаме состојба на 600 илјади граѓани што живеат во сиромаштија, 60 илјади нови невработени и 6.200 затворени компании за само една година.

Реалноста е дека овие четири години власт на Заев се четири украдени години за граѓаните. Успеа Заев само да ги подели граѓаните на мала елита на власта која енормно се богати и јаде од златни лажици, и огромно мнозинство кое едвај преживува, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ: Економските политики на Владата даваат резултат – јавниот долг се намалува, растат платите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот