ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски и Заев треба да одговорат која е алтернативата по ветото

Стево Пендаровски покажа дека работи како продолжена рака на Зоран Заев и денес настапи каков негов слуга наместо како слуга на народот. Неговото бледо издание практично значи споделување на одговорноста за фијаското кое и се случува на државата на економски, политички и здравствен план, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Бидејќи Пендаровски не е задоволен од функционирањето на кризниот менаџмент со корона-кризата, прашањето е што тој направи за да го смени тоа, освен што ја гали суетата на најнеуспешниот премиер во историјата на земјата Заев и служи како испомош секогаш кога Заев ќе западне во криза. Впрочем дека Стево Пендаровски не е искусен за позицијата која ја има се зборови на самиот Заев, прашуваат од опозициската партија во допис.

Што се однесува до членството до Европската економска зона, според ВМРО-ДПМНЕ „продолжува незрелото однесување на шефот на државата“.

– Наместо да прераскажува состаноци, лични впечатоци и лични мислења без да има расправа во државните институции така само потврдувајќи дека султански пресекол и дека нема базично познавање на поимите Европска економска зона и Европска економска заедница, треба да понесе одговорност за тоа што еднострано, вонинституционално одлучил и отфрлил земјава да биде членка на значајна организација како што е Европската економска зона. Негова вина и резултат на општа неспособност на овој државен врв е што не се избори за членство во Европската економска зона и членство во Европската Унија, а не да се наметнува состојба на избор или едното, или другото, се потенцира во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот