ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски докажа дека е нем послушник на Заев

ВМРО-ДПМНЕ/ Фото: Скриншот

Стево Пендаровски продолжува да се однесува како портпарол Зоран Заев, оцени вечерва во соопштение опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на интервјуто на претседателот на телевизијата Канал 5.

Еве го во целост соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

„Денешното интервју на Стево Пендаровски докажа дека штетните политики на Зоран Заев продолжуваат преку неговите слепи послушници.

Стево Пендаровски може да биде единствено аналитичар, но не и добар претседател на граѓаните на Република Македонија. Истиот тој во денешното интервју потврди дека со две раце ќе потпише се што ќе понуди Петков.

Но, затоа Пендаровски нема решение за сите проблеми кои ги засегаат граѓаните како енергетската, економската и здравствената криза.

Стево Пендаровски во историјата на Македонија ќе остане запаметен како претседател кој никогаш немал јасни ставови и позиции во однос на државата“, велат од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот