ВМРО-ДПМНЕ: Од денес секој починат и заразен во Штип, оди на душа на Заев, Николов и СДСМ

Фото: Архива на „Слободен печат“

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ  го обвини премиерот Зоран Заев дека со одржувањето на гласањето за предвремени локални извори во Штип го загрозил животот на стотици граѓани кои биле дел од изборниот процес.

„ Заев денес го покажа целото свое политичко лудило. Сред епидемија во Штип дури и заразените од ковид беа носени на избирачките места заради пуста фотелја, власт и функција, со што директно се загрозува животот на стотици лица вклучени во изборниот процес.

Ова не е само кршење на закон, туку болест за власт. Не се бираа средства, со притисоци, поткуп, закани и уцени беа терани луѓе да гласаат среде зараза за мандат од неколку месеци.

Најлошо е што политичкото лудило на Заев создава нов кластер „избори во Штип“, чија цена се здравјето и животите на штипјани.

Подеднакво одговорен за ова е и кандидатот Николов, кој после сето ова граѓаните нема да го памтат како доктор, туку како политичар зараза. Се борел за фотеља газејќи преку докторската етика, животите на штипјани со притисоци, поткуп и закани.

Од денес секој починат и заразен во Штип, оди на душа на Заев, Николов и СДСМ“ , се вели во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.

Инаку, опозициската партија немаше свој кандидат за избор на градоначалник во Штип и ги бојкотираше предвремените локални избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот